Достапни линкови

Доминацијата на САД како светска сила е завршена


Во американското списание "Надворешни работи" Ричард Хас, претседател на советот за надворешни односи објави текст во кој наведува дека доминацијата на Соединетите американски држави како светска сила е завршена. Според него мегународните односи во 21 век ке бидат дефинирани како што вели врз основа на неполаризиран свет. Хас смета дека мокта ке биде распределена на неколку држави и организации а влијанието на националните држави ке се намалува како што мокта на недржавните чинители ке расне.

Вракајки се назад низ вековите светот традицинлано бил мултиполаризиран односно доминирале неколку земји како Велика Британија, Франција, Јапонија, Русија и Соединетите држави – наведува Ричард Хаас во својот есеј Години на неполаризираност-Што следи по доминацијата на Соединетите американски држави? Според него основните промени се појавиле по втората светска војна. Европските сили, Британија и Франција беа исцрпени, а Германија и Јапонија беа ставени под специјални ограничувања поради војната и тогаш се разви светот во кој доминираа само две сили – Соединетите Американски Држави и Советскиот Сојуз вели Хаас во интевјуто за Радио Слободна Европа.

Студената војна мегу двете сили заврши со уривањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година по што мокта на Русија се намалува и во светот доминира само Америка. Сега тоа е завршено и доагаат денови на мултиполаризиран свет во кој мокта ке биде повеке рапрскана отколку концентрирана-смета Хаас

„И таа не е во рацете на неколкумина како што беше во минатите векови, туку е во рацете на можеби стотина, од големите до средните држави, невладини организации, фондации, политички групи, терористички организаиции, големи корпорации итн“

вели Хаас и додава крајот на светот во кој доминира една сила како и да ке се случел поради глобализацијата и зајакнувањето на други држави. Но според Хас а политиката на Вашингтон го забразала овој процес. Како резултат на војната во Ирак и недостигот на сереизна енергетска полтика Америка е многу зависна од увоз на нафта а лошата економска политика го ослабе доларот-објаснува Хаас.

„Кина, Русија и Европа ке бидат трите главни центри на мок во неполаризарниот свет. Предизвикот за Соединетите Држави ке биде да стане партнер со нив во обидот да се дефинираат предизвиците на оваа ера- запирање на тероризмот и на ширењето на нукларно оружје, преземање на чекори против глобалното затоплување, потенцијалот за пандемии и други заболувања итн.“

објаснува Хаас кој смета дека Америка не може да се справи со ниту еден од овие предизвици сама и токму затоа и се потребни дугии центри на мок мегу кои покрај Кина , Русија и Европа Хаас ги набројува и јапонија, Индиа, Бразил, Јужна Африка и северна и јужна Кореја.
XS
SM
MD
LG