Достапни линкови

Опозицијата обвинува дека реформите се закочени, а власта тврди дека се тече нормално


Одложувањето на стартот на третиот пензиски фонд во земјава, за македонската опозиција е само еден од примерите кои го покажуваат неефикасното работење на владата во предизборниот период. Присуството на сите министри насекаде низ земјава, само потвдуваат дека владата не работи со полн капацитет, реагира Роза Кареска Топузова од колицијата Сонце за Европска Македонија.

„Запреа преговорите околу името, клучно прашање што одлучува за иднината на Република Македонија. Да не говориме за попадните реформи како што се формирањето на третиот пензиски фонд, донесувањето важни закони, донесување на законите од правосудството. Сите тие работи во овој период гледаме дека замреа.“

Од минситерството за труд и социјална политика, надлежно за спроведување на проектот за трет пензиски столб во земјава, велат дека главната причќина поради која овој систем се уште не почна со работа, е неможноста да се донесат измените на законот за доброволно пензиско осигурување поради распуштениот парламент.

„Запазени се роковите од страната на владата, веднаш по конституирањето на парламентот се очекува дека ќе се донесе,“

изјави Ирена Ристеска, раководител на секторот за пензиско осигурување

И владиниот портпарол уверува дека сите почнати проекти се одвиваат според предвидените рокови и оти владата функционира нормално:

„Единствено нешто што е одложено како активност е испраќањето на законите и другите акти до парламентот. Бидејќи парламентот е распуштен. Но, штом ќе продолжи со работа ќе се продолжи и со оваа активност.“

Имајќи го предвид фактот дека државната администрација во земјава е целосно политизирана, која е активно вклучена во кампањата, сосема очекувано е дека се работи со забавено темпо, вели проф. Борче Давитковски од Правниот факултет во Скопје.

„Откако се донесе одлуката за предвремени избори, до конституирањето на новиот парламент и влада, ова се ќе биде на сметка на правата на граѓаните, се работи со успорено темпо, а тоа е одраз на партизацијата на администрацијата, така што фактички се е во кампања.“

Давитковски посочува дека вклученоста на државната администрација во изборни активности е забрането со закон, но оти досегашното искуство покажало дека во македонски услови, тој не се почитува.
XS
SM
MD
LG