Достапни линкови

Софија: Обраќање на претседателот Црвенковски на средбата од Процесот за соработка во ЈИЕ


Претседателот Црвенковски денеска ќе има свое обраќање на средбата на државите-членки во Процесот на соработка во Југоисточна Европа,на кое ќе стави акцент на евроинтеграциските процеси на Македонија како и на постбукурешката посветеност на државата во исполнување на обврските за евроатланстска интеграција. Цел на форумот е продлабочување на соработката меѓу државите-членки, зачувување на мирот и стабилноста, јакнење на проевропските сили во регионот и приближување на земјите членки кон европските и евроатлантските интеграции. Држави членки се Албанија, Грција, Бугарија, Македонија, Романија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Молдавија и Црна Гора.
XS
SM
MD
LG