Достапни линкови

Хаг: Хашкиот трибунал не може да биде затворен до апсењето на четворицата обвинети


Претседателот на Хашкиот трибунал Фаусто Покар синоќа изјави дека Трибуналот не може да биде затворен се додека четворицата обвинети, Радован Караџиќ, Ратко Младиќ, Стојан Жупљанин и Горан Хаџиќ, не бидат уапсени за да им се суди. Тој во Сараево изјави дека нема начин тие случаи да бидат проследени на локалните судови.„Постои рок за затворање на Трибуналот за неколку години. Наша идеја е потоа да биде создаден скратен трибунал кој би продолжил да ги процесуира овие случаи,, изјави Покар.
XS
SM
MD
LG