Достапни линкови

logo-print

Дали и кој ќе го наследи патријархот Павле?


Во Србија, покрај преговорите за формирање нова влада, големо внимание кај јавноста привлекува и мајското заседание на Саборот на Српската православна црква. Состанокот минува во знак на остри судири околу тоа дали и кој ќе го наследи патријархот Павле кој подолго време се наоѓа на лекување.

Синодот на Српската православна црква деновиве реши да ги преземе сите функции на патријархот Павле, поради, како што е образложено неговата неможност да ја врши својата должност. Имено, тој од ноември лани е на лекување во Воено медицинската академија во Белград. Социлогот по религија Мирко Ѓорѓевиќ објаснува дека Синодот немал право да го стори тоа:

„Уставот на Српската православна црква е многу јасен, српскиот патријарх се избира доживотно и може да биде заменет само доколку почине. Доколку не може да ги изврува должностите, тој самиот ги пренесува на некој. Но, Павле овој пат не дал согласност.“

Вели Ѓорѓевиќ. Со него не се согласува аналитичарот Живица Туциќ кој смета дека одлуката на Синодот е добро решение:

„Тоа е толку нормално кога некој е толку стар и во таква здравствена состојба како патријархот Павле. Ако во црквата нема согласност дали да избира нов поглавар тогаш тоа треба да го прави Саборот.“

Според некои наводи, патријархот Павле ја одбил тричлената делегација епископи која од името на Саборот барала негов потпис за доброволно заминување од тронот на српската црква. Во самиот Сабор пак, постоеле три групи кои имаат спротивставени ставови за скоро сите прашања и прават се да доведат свој човек на местото на Павле. Меѓу нив се спомнуваат бачкиот епископ Иринеј кој е претставник на старогрчката и бањалучкиот епископ Јефрем како претставник на босанско српската струја. Покрај тоа групите во Синодот, како што наведува социлогот Мирко Ѓорѓевиќ, биле поделени и во врска со Косово.

„Додека владиката косовско метохијски како што си ја прошири својата титула Артемие одбива секаква соработка со УНМИК, КФОР и косовските институции, владиката Амфилохие кој е на чело на црковната влада тврди дека сепак мора да се соработува со постојната власт на Косово.“

Вели Ѓорѓевиќ, додавајќи дека голем број архиереи барале и расправа против Артемие, бидејќи пред изборите, тој лидерите на демократите во Србија ги нарече издајници кои не сакаат да го бранат Косово со војска. Впрочем, како што вели, тоа е уште пример дека ситуацијата во државата директно се пренесува и врз ситуацијата во црквата.

„Не е ни чудо што во поново време државата и црквата се во симфонија или како што стручно се нарекува, во тесно органско единство.“

Заклучува социлогот Мирко Ѓорѓевиќ.
XS
SM
MD
LG