Достапни линкови

Секоја додавка пред името ја менува содржината и идентитетот, вели професор Наде Проева


Средба Црвенковски - Караманлис на регионалниот самит во Бугарија нема да има оти таа не е побарана ниту од едната ниту од другата страна со оглед на тоа што преговорите за името во овој момент се замрзнати поради изборната кампања во земјава, велат во кабинетот на претседателот. Дипломатски извори додаваат и дека една официјална средба не би била целисходна. Со шпекулации дека средба ќе има излегоа грчките медиуми. Тие го пуштаат и новиот пробен балон шпекулирајќи со името Горна Македонија како компромисно решение за спорот меѓу Атина и Скопје. Грчки Елефтерос типос потсетува дека името Горна македонија било поддржано како предлог и од Атина во 2002 година кога шеф на грчката дипломатија беше актуелниот лидер на ПАСОК Јоргос Папандреу. Тогашниот македонски министер за надворешни работи Слободан Чашуле вели дека на разговорите станувало збор за двојна формула при што во името што би се користело во билатералната комуникација со Грција би се нашла формула којашто нема да биде навредлива.

„Меѓутоа, не го прифативме Горна, затоа што тоа имплицира Долна, тоа самото по себе имплицира територијални претензии од двете страни, ако има Горна и Долна, тогаш природно е да се оди на тоа да биде една,“

вели Чашуле нарекувајќи го ова само една нова типично грчка провокација. Според професорката Наде Проева секоја додавка пред името ја менува содржината на името Македонија а со тоа и идентитетот бидејќи ние автоматски би биле Горниомакедонци а единствено прифатлива за нас е додавка која стои после името која дообјаснува и прави разлика меѓу четирите делови на античка Македонија кои денеска се протегаат во четири различни држави. Во фрска со историската чувствителност на називите таа додава.

„Горна Македонија го користат грчките автори, и апсолутно ако со името Македонија ние им ја крадеме историјата, со Горна Македонија ние уште повеќе тоа го правиме. Горна Македонија апсолутно не се поклопува со денешна Република Македонија, еден добар дел од Горна Македонија е во Грција до костурско, дали тоа значи дека ќе ни ја дадат таа област Грците?“

Чашуле тврди дека преговорите се дојдени до точката Република македонија во заграда Скопје што според него Грција го прифаќа освен што е отворено прашањето што да стои во заградата Скопје, Северна, Горна или нешто друго, и ваквата опција за него е прифатлива .

„Како времено решение кое еден ден самото по себе ќе му отпадне додавката,“

додава Чашуле. Забелешки за грчката позиција во однос на прашањето за името и загриженост поради неупатувањето покана за членство на Македонија во НАТО упатија дваесетина европски и американски високи дипломати и меѓународни претставници до генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер. Тие не гледаат веројатбност дека прашањето ќе се реши до крајниот рок јули што како што неведуваат би имало серуиозни последици врз стабилноста во земјата и за Косово. Меѓу потписниците е името на поранешниот помошник државен секретар на САД Морт Абрамовиц, поранешниот американски пратеник на претседателот на САД на балканот Питер Галбраит и поранешниот шеф на УНМИК и пораненешен специјален претставник на ЕУ во Македонија, Сорен Јесен Петерсен.
XS
SM
MD
LG