Достапни линкови

Не треба да се очекува изборните инциденти да прераснат во поширок меѓуетнички конфликт


Оружје, напади врз изборни штабови, информации за маскирани лица во западниот дел од земјава, заплашување но и физичко малтретирање на граѓани, сето ова ги одбележува изминативе недели од стартот на изборната кампања. Изборните инциденти, се согласуваат експертите се застрашувачки, но тие се убедени дека непостои потенцијал за нивно прераснување во поширок меѓуетнички конфликт, иако според нив се наметнува прашањето за идниот опстанок на државата со оглед на веќе истакнатата неизвесност околу нашите евроинтеграции. Натаму засега интеретничкиот конфликт секако ќе има влијание врз севкупните меѓуетнички односи, смета професорот Мирјана Малевска.

„Тоа може натаму да предизвика одложување или поставување на некои нови услови за нашето пристапување во ЕУ, а секое одложување, инсистирање на критериуми кои ние всушност неможеме во краток рок да ги исполниме, ќе ја влоши понатаму во перспектива меѓуетничката ситуација, меѓуетничките односи, и многу лошо ќе се одрази воопшто на персепктивата на Македонија за опстанок како единствена држава.“

Истакнува професор Малевска. На сличен став и професорот од Воената Академија Стојан Кузев кој вели дека засега овој интеретнички конфликт во редовите на албанскиот политички блок неможе да се очекува да прерасне во пошироки мегуетнички тензии, но и тој е на мислење дека оваа ситуација ќе се одрази врз меѓуетничките односи:

„На крајот на краиштата Македонија во рамки на изборните активности колку успешно тоа ќе го направи не се вреднува дали тоа се случува во албанскиот, македонскиот или во некој друг ентитет, туку во целина како држава.“

Штетата во однос на погледот на меѓународната заедница врз капациетот на нашата државава е веќе направена, што секако може да влијае врз односите меѓу заедниците во земјава, го дели мислењето на Малеска и Кузев и професорот од Тетотовскиот Универзитет Кјани Нухиу. Но она што е главно посочува тој е дека инцидентите пред се ќе се одразат врз легитимитетот на албанските партии:

„Инцидентите во албанскиот политички табор пред се ќе се одразат врз квалитетот на легитиметот на албанските политички партии, а врз меѓуетничките односи не верувам дека има толкаво влијание до таа мерка за да доведе до меѓуетнички судири или политички конфликти.“

забележува професор Нухиу.
XS
SM
MD
LG