Достапни линкови

logo-print

Скопје: Претседателот Црвенковски на средба на земјите од процесот на соработка во ЈИЕ во Бугарија


Претседателот на државава Бранко Црвенковски во наредниве два дена ќе учествува на средбата на државите членки во Процесот на соработка во Југоисточна Европа што ќе се одржи во Поморие , Бугарија. Со средбата ќе претседателствува вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Ивалјо Калфин, додека домаѓин е премиерот Сергеј Станишев. Цел на форумот основан во 1996 година е продлабочување на соработката меѓу државите членки, зачувување на мирот и стабилноста, јакнење на проевропските сили во регионот и приближување на земјите членки кон европските и евроатлантските интеграции.
XS
SM
MD
LG