Достапни линкови

Сите земји имаат свој агол кога станува збор за известувањето во врска со косовското прашање


Господине Шандор, како гледате на објективноста на медиумите во регионов кога известуваат за Косовското прашање?

Искрено за земјите соседи на Косово ова е многу критично прашање, затоа што директно влијае врз секојдневниот живот и политиката на овие земји. За земјите кои беа дел од Југославија ова прашање има привлечено огромно внимание, затоа што до неодамна овие држави беа едно, луѓето, лидерите многу добро го разбираат контекстот и проблемот на ова прашање. За другите земји пак, како што се Молдавија,Унгарија и до некаде Романија, ова прашање претставува меѓународна надворешна политика. Како што можеме да видиме фокусот на известување секогаш е поврзан на некој начин со домашната политика. На пример во Унгарија, медиумите кога известуваат за косовското прашање, најмногу зборуваат за унгарското малцинство кое живее во Војводина. Така што ова прашање во исто време е меѓународно и домашно прашање. Сигурен сум дека тоа можете да го видите и во Хрватска и Словенија. Сите земји си имаат свој агол кога станува збор за ова прашање.

Колку медиумите во регионов се политички и економски независни?

Медиумите имаат клучна улога во политичкиот живот и бизнисот. Тие треба да ги информираат граѓаните, да обезбедуваат објективни информации базирани врз факти кои се важни за играчите во политичкиот и бизнис животот што треба да донесат важни одлуки. Од друга страна мислам дека медиумите не треба да бидат непосредно вклучувани во политиката, туку индиректно, но во моментов многу често медиумските куќи се под политичко влијание и мислам дека тоа не е добро. Во идеална ситуација, би било најдобро медиумите да се политички независни.

Како ја оценувате целокупната безбедносна состојба во регионот?

Да бидам искрен не сум експерт за безбедност, но ќе ја анализирам ситуацијата од оваа гледна точка. Косовското прашање ќе биде долготраен проблем. Мислам дека главниот услов за тоа што ќе се случи со таа земја, ќе биде економскиот развој, напредокот на економијата и животниот стандард. Но доколку се решат сите овие работи и дојде до економска стабилност и започнат влегувања на странски инвестиции, тогаш сум сигурен дека тоа позитивно ќе се одрази врз стабилноста во регионот. Значи, бизнисот и економијата се клучот за стабилноста, но исто така важно е и помирувањето меѓу различните етнички групи кои живеат во Косово, што значи да се сфати како е да се има соживот и да се живее во мир и како да се направат државата и регионот успешни.
XS
SM
MD
LG