Достапни линкови

logo-print

Партиите продолжуваат со обвинувања, а МВР вели дека работи на теренот


Само неколку дена траeше изборното примирје меѓу ДУИ и ДПА, кое вчера повторно беше нарушено со напад врз изборен штаб на Демократската унија за интеграција во Тетово. Пукањето врз изборниот штаб е регистирано и од безбедносните камери поставени пред него. Од друга страна пак ДПА достави снимки според кои гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта од редовите на ДУИ е снимен со оружје во рака. Во МВР велат дека се присутни на теренот и се преземаат мерки за расчистување на настаните.

„Се преземаат сите мерки за расчистување на настаните, осомничени лица за инцидентите веќе има но се работи на обезбедување на докази за докажување на делото и за нивно пронаоѓање.“

вели портпаролот на МВР Иво Котевски. По, најновите инциденти продолжуваат обвинувањата меѓу двете партии од албанскиот политички блок. И двете страни се се залагаат за примирје и велат дека оваа ситуација никому не одговара, но секој кај политичките неистомисленици ја гледа вината за инцидентите:

„Челниците на ДПА сватија дека во мирни и фер избори ќе изгубат, и очигледно е дека нивната намера е да се заплашат гласачите.“

„ДПА не е дел од овие провокации на ДУИ.“


Изјавуваат Рафиз Алити од ДУИ и Феџри Селами од ДПА.
ДУИ исто така обелодени и дека вооржени маскирани лица се регистрирани во албанските населени места во тетoвско, на што ,,загрижувачки,, според нив надлежното Министерство за внатрешни работи не реагира. Затоа посочија од таму се поставува прашањето дали свесно албанците се ставени во позиција сами да се организираат во своја одбрана:

„Па, да се чуваат изборните штабови и да се чуваат гласовите.“

вели Алити од ДУИ. Во МВР пак посочуваат дека никој во министерството нема пријавено присуство на маскирани лица во тетовско, а за најавата на ДУИ за самоодбрана оттаму со став:

„Ако тоа преземање одбрана подразбира пукање кон полиција или ,,делење на правда“ ќе бидат преземени мерки против нив.“

истакнува портпаролот на МВР Котевски. Има ли надеж за смирување на ситуацијата на терен меѓу двете партии. Во ДУИ и ДПА изјавуваат:

„Мислиме дека многу лесно може доколку сака власта да организира фер и демократски избори секако дека излез има“

„Ние не сме скарани со никого и ќе продолжиме да дејствуваме демократски и смирено во оваа политичка кампања.“


велат Алити и Селами.
XS
SM
MD
LG