Достапни линкови

Киев: Министерот Трајко Славевски ќе се обрати на состанокот на ЕБОР


Во украинскиот град Киев продолжува годишниот состанок на Европската банка за обнова и развој. Денеска во рамките на третата сесија на советот на гувернерите на Европската банка свое обраќање ќе има македонскиот министер за финансии Трајко Славевски. Во рамките на форумот ќе биде одржана посебна презентација на Македонија на која за реформите во даночниот и фанансискиот систем ќе говорат министерот Славески и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо. На вчерашниот прв ден од состанокот, претседателот на ЕБОР Жан Лемиер порача дека во услови на зголемени финасиски и економски ризици ширум светот, како никогаш досега потребни се високо квалитените инвестиции на Европската банка за обнова и развој.
XS
SM
MD
LG