Достапни линкови

Приштина: Шефот на мисијата ЕУЛЕКС Ив Де Кермабон во посета на Косово


Шефот на мисијата на Европската Унија – ЕУЛЕКС на Косово, Ив Де Кермабон од вчера е во посета на Приштина. Во текот на три дневниот престој Де Кермабон ќе оствари средби со претставниците на косовските институции со кои ќе разговара за воспоставувањето на европската мисија која треба да започне по 15 јуни кога на сила стапува косовскиот устав, со што завршува мандатот на мисијата на ОН. Де Кермабон пред доаѓањето изрази уверување дека ЕУ ќе ја исполни својата улога на Косово и покрај можноста мисијата ЕУЛЕКС да биде одложена за еден до три месеци.
XS
SM
MD
LG