Достапни линкови

Имер Селмани, потпретседател на ДПА. Кампањата на ДПА е мирна и позитивна, а насилството го воведе ДУИ


Каква кампања оекувате со оглед на напнатоста во албанскиот блок со што таа почна и кои се според вас причините за инцидентите и насилствата во предизбориево

Ние почнавме со кампањата. Најавивме мирна и позитивна кампања и така почнавме. И со пораките што ги праќа нашиот лидер, со проектите што ги експонираме, дали тоа се проекти во фаза на реализација како составен дел на Владата или она што е како концепт, изборна програма, значи со она што излегуваме пред јавноста и ветуваме се исклучиво проекти коишто се позитивни, проекти кои гарантираат подобар живот за граѓаните на Република Македонија, а за Албнците реализирање на сето она што во Охридскиот договор е воспоставено како норма во уставот. Меѓутоа, од 2001 година, со првите избори во 2002 година, ДУИ воведе нов стил на добивање на изборите. ДУИ воведе нов стандард во однесувањето. Воведе насилство. Затоа што самите како структура произлегоа од една состојба што се окарактеризира како конфликт или како војна во Република Македонија и тие одеа со тоа дека тие се победници и по секоја цена треба да победуваат на изборите. Она што ДУИ сака да наметне, дека е жртва на одредени околности, дека тие постојано се напаѓаат мислам дека е нивни стил за да може да се послужат со одредени маркетишки трикови, за да евентуално добијат некоја симпатија во јавноста. Но, да не заборавиме, насилството во Република Македонија го воведоа тие. Ние се оградуваме и едно треба да не заборавиме, ниту една политичка партија не смее да ги узурпира јавните овластувања на органите во државава.

Зошто на ДУИ би и одговарала оваа атмосфера кога оваа партија според истражувањата на јавното мислење има висок рејтинг

Одредени анкети покажуваат дека тие губат, и тоа многу силно губат. Поседната анкета на еден истражувачки центар од Косово којшто ги следеше изборите и во Албанија и во Косово, и којшто даде многу релевантни оценки предизборни, кажуваат дека драматично губат во изборните единици број шест и број еден, дека малку подобро стојат во петката и во двојката, а и таму исто така губат. И треба да направиме разлика. Една политичка партија којашто не научила да добива и губи на избори, не е до крај оформена политичка партија, таа политичка партија треба да созрее, да се навикне и да биде подготвена, и да ги добие изборите, но и да изгуби.

На Косово се одржаа мирни избори, во Албанија исто така, зошто албанските политички партии во Македонија не се воздржат од насилствата во име на демократијата и евро атлантската агенда на земјава

Прашањето е малку тенденциозни, кога кажувате дека кај албанските политички партии. Јас сакам да потсетам дека претседателот на државата помилува осуденици, Македонци, коишто беа казнети со казна затвор заради кршење на законот во изборниот процес. И тоа не беа Албанци, не беа од албанските политички партии, туку од македонските. Така што, кршењето на законот и изборните процеси не е само одлика на албанските политички партии. Сите партии на некој начин помалку или повеќе некогаш се дрзнале да го кршат законот, но добро е што функционира законот. Го посочивте Косово, како добар пример, меѓутоа во Косово менаџира УНМИК, НАТО, на чело со САД и мислам дека тие даваат огромен придонес таму навистина да владее законот до крај. Да биде неприкосновен законот. Република Македонија созрева, имаме голем предизвик овие избори да бидат особено на денот на изборите фер и демократски, да имаме добри резултати, тие да бидат почитувани од сите политички партии, меѓутоа ценам дека стандардите се измрдаа по конфликтот во 2001 година, кога една политичка партија процени дека не само што во Република Македонија може да се предизвика војна и конфликт туку дека тоа може комотно да го направат и за време на изборите и ние да им прогледаме низ прсти.

Како ќе реагирате доколку на овие избори победи ВМРО ДПМНЕ а за партнер ја одбере ДУИ

Согласно уставот, партијата којашто има најмногу гласови има право да си направи свое друштво, односно да си избере коалиција. Мислам дека тоа се детали за по изборите од 1 јуни. Има многу работи да се преговараат, но во Република Македонија се профилираат две страни, едната центар и десно, а другата центар и лево, видовте и со НСДП, тие пробаа да бидат со центарот кон десно, но нивниот концепт очигледно не се согласуваше со нашиот концепт односно на ВМРО и ДПА како десни партии, и еве сега се во коалиција со левите партии. Мислам дека и ДУИ истото го има со левите партии. Тие се декларирани социјал демократи, марксисти, ленинисти итн, така што мандатарот ќе ги има сите аспекти. Меѓутоа, ние очекуваме длабока победа на овие избори и нема да биде тешко воопшто да се состави влада.

Пред самитот на НАТО во Букурешт функционерите на ДПА депонираа оставки во рамки на коалицијата со премиерот Груевски. Од што бевте разочарани

Нашето незадоволство беше јавно кажано. Поради неможноста да се најде соодветен јазик меѓу лидерот на ДПА Мендух Тачи, и господинот Никола Груевски. Но, вие потоа видовте дека се седна се преговараше и се дојде до Договор за сите отворени точки, значи политички прашања кои до тогаш не беа реализирани од агендата на Охридскиот договор и од уставните промени како составен дел. Ние успавме да најдеме заенички јазик и мислам дека тоа е влезено и во предизборната кампања и изборната програма. Тие точки ќе бидат меѓу првите кои ќе се реализираат по изборите. Тоа ги подразбира сите до сега нереализирани обврски од Охридскиот договор, коишто за жал ДУИ и СДСМ имаа четири години период не ги реализираа, но сега ние тие прашања ќе ги затвориме на најсоодветен начин.

Кои приоритети ги оценувате за клучни со кои влегувате ви изборната трка и оекувате ли наоѓање заеднички јазик во рамките на идната коалиција

Тоа се веќе договорени приоритети. Така што, веќе ние имаме Договор за тие прашања. Знаете дека се донесе и одлука на Влада за побрзо спроведување на застапеноста на Албанците во државната администрација, значи со тоа доаѓаме до бројката од 26 проценти во јавната администрација, со сите вработувања коитреба да се случат за неколку месеци. Знаете дека почнаа да работат работите групи за изнаоѓање соодвети решенија за инвалидите и жртвите од 2001 година, за сираците, има голем напредок и прогрес, исто така има голем прогрес и во она што значи соодветна употреба на албанскиот јазик, употреба на знамето по укинувањето на неколку членови од законот од страна на уставниот суд. Значи, за сите прашања ние имаме визија, имаме решение, меѓутоа цениме дека овој пат овие прашања ќе бидат затворени во првите неколку месеци и мислам дека натаму по неколку месеци главен предизвик ќе ни бидат комплетното реализирање на економскиот развој, социјалните права, образованието.

Каква е позицијата на ДПА во однос на прашањето за името на државава

Знаете дека позицијата на сите политички партии се креира во една соработка или договор меѓу лидерите на политичките партии. Ние не отстапуваме како полтичка партија надвор од она што се договара, преговара меѓу лидерите на партиите. Мислам дека тоа е единствен начин ние да се презентираме како сериозни политичари и партии, како одговорно луѓе, но и пред нашите соговорници. Од другата страна ја имаме Грција, членка на НАТО и ЕУ, и за којашто ние треба многу паметно да излеземе со јасни и дефинирани ставови. Мислам дека тоа до сега добро се прави, во овој период од неколку денови, значи сигурно дека партиите се ангажирани заради изборите, но после изборите ќе продолжи консултирањето и исклучиво со заеднички договор меѓу релевантните политички субјекти ќе се излезе со предлог решение. Но, ставот на Албанците и на Македонците се разбира е дека сите ние сакаме што побрзо да влеземе во НАТО и ЕУ и тоа е нашата определба. Ние немаме друга алтернатива, мораме да ја реализираме оваа алтернатива, но се разбира како вистински партнери да преговараме со Грција.
XS
SM
MD
LG