Достапни линкови

logo-print

Американскиот претседател Џорџ Буш кој е во посета на Блискиот Исток нуди визија за мир во регионот


Палестинците оваа недела го одбележаа она што тие го нарекуваат катастрофа. Станува збор за формирањето на Израел пред шеесет години по што дојде до раселување на стотици илјади арапи. Од друга страна, израелците ги продолжуваат прославите по повод годишнината од нивната држава.

Сирените во Рамала, град на Западниот Брег ја означија таканаречената нагба или катастрофата. Во Појасот Газа пак, стотици ученици маршираа со лажни пушки и минофрлачи. На границата со Израел беа пуштени илјадници црни балони за секој ден од постоењето на израелската држава со цел да биде затемнето небото над Ерусалим. Силниот контраст од израелската роденденска забава само ги потенцира големите поделби во регионот кои постојат веќе шеесет години. Околу седумстотини илјади арапи ја напуштија земјата откако во илјада девестотини четириесет и осмата година Израел прогласи независност. Палестинците велат дека се протерани од нивните домови. Израелската верзија е поинаква. Велат дека немало план за истерување на арапите и оти повеќето од нив ги напуштиле домовите откако Израел бил нападнат од армиите на пет арапски земји. Ти и нивните потомци, ги има околу четири ипол милиони сега живеат во Јордан, Либан, Сирија, Западниот Брег и Појасот Газа.

Постојат два народа кои живеаат на оваа сакана земја: едниот прославува независност, другиот чувствува болка од сеќавањето за неговата катастрофа. Минаа шеесет години и време е да го запреме страдањето на палсетинците. Време е за историско помирување меѓу двата народа.

Изјави претседателот на палестинската власт Махмуд Абас во телевизиското обраќање по повод одбележувањето на нагба. Во меѓувреме, американскиот претседател Џорџ Буш кој во Израел присуствуваше на прославите од создавањето на таа држава понуди визија на мирот во регионот. Во наредните шеесет години од Каиро до Риад, од Багдад до Бејрут луѓето ќе живеат слободно, а Иран и Сирија ќе бидат мирољубиви нации, рече Буш:

Израел ќе ја прослави сто и дваесет годишнината како една од најголемите демократии и татковина на евреите. Палестинците ќе имаат своја татковина за која долго време сонуваат, демократска држава владеена од правото и човековите права.

Изјави претседателот Буш во говорот во израелскиот паралемент. Но, тој не спомна на како да се реши еден најголемиот проблем во конфликтот. Барањето на бегалците од илјада деветстотини четириесет и осмата и на нивните потомци да се вратат на територијата која сега и припаѓа на Израел.
XS
SM
MD
LG