Достапни линкови

logo-print

Приштина: Косовскиот премиер изјави дека уставот ќе важи и за српските места


Премиерот на Косово Хашим Тачи изјави дека по 15 јуни ќе влезе во сила Уставот и оти тој ќе важи и за Северно Косово, населено претежно од Срби. Тачи не очекувал проблеми, бидејќи целиот процес е подготвен во координација и со меѓународните цивилни и воени сили. По влегувањето во сила на уставот, администрацијата на УНМИК ќе предаде поголем дел од ингеренциите на локалните институции. Другиот дел од нејзините компетенции, посебно во областа на полицијата и правосудството ќе преминат во рацете на мисијата на Европската унија – ЕУЛЕКС.
XS
SM
MD
LG