Достапни линкови

Предупредувањето на меѓународниот фактор барем привидно донесе примирје на изборната сцена


Во првата третина од предизборната кампања најчесто спомнувани поими беа оружени инциденти, апел, а се слушнаа и зборовите атентат, па по неколку дена и примирје. А инциденти имаше и тоа секојдневно, ако може така да се каже затоа што повеќето од нив се случуваа ноќе.

„ДУИ секогаш за жал е жртва на нападите.“

„ДУИ да внимаваат што прават бидејќи на ваков начин се загрозува евроиднината на Македонија.“

„Портпаролот на МВР постојано кажува дека сторителите се непознати.“

„Не би сакале албанците да бидат вклопени во менталниот склоп на ДУИ за братоубиство.“


Беа реакциите, обвинувањата и контраобвинувањата на претставници на ДУИ и на ДПА. Се чини, чашата беше прелеана по обвинувањата од ДУИ дека било стрелано во возилото на нивниот претседател Ахмети:

„Поседуваме снимки во кои ќе видите дека еден од атентаротите е од блиското обезбедување на господата Тачи и Селмани.“

Во меѓувреме од сите страни беа упатувани апели за запирање на насилствата. Меѓународните претставници во земјава, но и од Брисел, предупредуваа дека со тоа што се случува, Македонија е се подалеку од ЕУ и НАТО:

„Насилството нема место во изборната кампања. Ги повикувам сите политички партии да го почитуваат кодексот за одржување на фер избори.“

„Ние Амбасадорите на Европската Унија ја искажуваме нашата длабока загриженост. Моменталната ситуација е полоша од онаа во 2006-тата и веќе нема да толерираме.“


рекоа Амбасадорите на Словенија и на ЕУ, Ален Бергант и Ерван. По сите овие повици и закани, може да се каже дека настапи релативно примирје. Можеме само да нагаѓаме што ги запре пукањата. Онаа веќе здодевна приказна за понудените морков и стап, сепак, повторно е во игра. Што најмногу „пали“ кај нашите партиски раководства. Поблиску се до вистината оние што мислат дека не бил решавачки морковот, затоа што политичарите не се многу „затресени“ по здравата храна, туку „здравиот“ ќотек, односно некаква закана од меѓународниот фактор. Каква и да е вистината, веќе неколку дена по овие случувања, во центарот на вниманието повторно се најдоа името, криминалот, економијата. И добро е што е така, зашто граѓаните се очајно желни за здодевна, скандинавска кампања, во која најагресивен чин ќе биде, на пример, вадењето на вратоврската на некој од партиските лидери, а приказните за деца нема да бидат полни со пиштоли и калашњикови.
XS
SM
MD
LG