Достапни линкови

Експертите очекуваат дека се можни проблеми кои ќе го одолговлечат процесот на демаркација


Нова средба на работната група за демаркацијата на границата денеска во Приштина. Во македонската влада на процесот гледаат како на техничко- администртивен и оставаат да се одвива во рамките на работната група, тврдејќи само дека во него ќе бидат запазени највисоките стандарди. Нема зацртани рокови до кога треба да заврши целиот процес, но тој ќе заврши според рокот од една година предвиден во планот на Марти Ахтисари, велат оттаму. Суштински проблеми не очекуваат ниту експертите поради тоа што принципиелно не постојат никакви спротивни ставови ниту од две страни ниту од меѓународните преставници. Професорот Владо Поповски не ја исклучува можноста да се појават проблеми кои ќе го одолговлечат завршувањето на процесот.

„Некои можат навистина да произлезат од теренот, што значи некој технички проблем навистина може да биде и реален. Некои проблеми евентуално кои што ќе бидат образложени како технички можеби и не се технички, да бидат всушност тактизирања со идеја да се потсети Македонија околу она друго прашање, како признавањето на Косово.“

Вели професорот Поповски.
Што се донесува до проблемите од теренот Професорот Поповски вели дека ваквите случаи не и се непознати на меѓународнатаљ пракса и таа треба да се примени и во овој случај.

„Познати се меѓународните пракси, како тоа се се решава и треба да се понудат тие. Би било најдобро решението да биде прифатливо и за самите сопственици.“

Состојбата на теренот може да го оптовари процесот вели и аналитичарот Ризаван Сулејмани според кого очекувани се ако не друго чисто правни споротви со домашните и меѓунаросдните судиови. Ваквите проблеми не се однесуваат на проблеми на меѓудржавно ниво, зошто односите меѓу двете држави барем декларативно се добри, но аналитичарот Сулејмани сепак очекува надминување на роковите од планот на Ахтисари.

„Колку тоа да изгледа техничко, не е техничко прашање така да неверувам и ниту еден договор речиси и да не е спроведен на време.“

Правни консеквенци доколку се не заврши според рокот предвиден во планот на Марти Ахтисари, не постојат вели професорот Поповски но тој не очекува таква можност.
XS
SM
MD
LG