Достапни линкови

logo-print

Меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата за досега оставениот лош впечаток


Ќе биде добро доколку изборите поминат во мирна и демократска атмосфера, но доцна е да се поправи лошиот впечаток кој земјава го остави кај Европската Унијата, велат политичките претставници во земјава по најавата од Брисел дека спроведувањето на изборите се деветтиот и најважен критериум за почеток на преговори со Унијата.

„После сите овие инциденти Македонија веќе ,,собира“ негативен извештај и тој станува посебен критериум во сето она што треба да го исполниме меѓу критериумите.“

Изјави Андреј Жерновски од коалицијата Сонце.
Од власта вината за ваквата состојба ја упатуваат кај политичките неистомисленици.

„Тогаш кога како политичка зрелост ќе ги надмудриме ,,авантуристите“ за власт, тогаш ќе победи и демократијата и ќе биде најголемиот придонес на ДПА во оваа изборна кампања.“

Изјави Феџри Селами од коалицијата За подобра Македонија.
Сосема очекувано е барањето на Европската Унија за спроведувањето на фер и демократски избори, велат експертите по последните забелешки од Брисел за лошиот тек на изборната кампања. Во недостигот на политички дијалог, силно изразениот внатрешен конфликт и неодговборите политички лидери тие ја гледаат причината поради која токму изборите ќе бидат клучниот критериум за европската иднина на нашата земја.

„Кај нас постои силен антагонизам, силна тензија, некултивиран политички конфликт, затоа и ЕУ пред две години го апострофираше политичкиот дијалог. Отсуството на насилство во изборниот процес денеска го нема како појава, никаде во Европа немате пример каде оружјето се користи како пракса, тоа само кај нас уште остана.“

изјави Дане Талески од Институтот за демократија.
Во овој период кога партиите се заинтересирани за добивање на повеќе гласови и подобрување на политичкиот рејтинг, сите останати критериуми за влез во Унијата се запоставуваат, вели проф. Кјани Нухиу од Тетовскиот Унизверзитет.

„Партиите се фокусирани на изборите, на изборниот рејтинг, а осумте услови од ЕУ во моментов се оставени на страна.“

Препораката за почеток на преговорите со Европската Унија ќе зависи од резултатите кои ќе бидат направени. Политичкиот дијалог, имплементацијата на законот за полиција, реформите во судството и јавнатат администрација, борбата против корупцијата се само дел од клучните приоритети кои Унијата ги постави како услов за добивање датум за преговори за членство.
XS
SM
MD
LG