Достапни линкови

Економските експерти велат дека залудни се сите преземени економски мерки без политичка стабилност


Станува ли Македонија дел од инвестицоната мапа што странските инвеститори ја разгледуваат како можност за проширување на својот бизнис? Привлекувањето на меѓународните инвеститори изнимативе години се чини се главна тема во обидот на политичарите при секое обраќање во јавноста, да ја ,,поправат“ лошата економска слика во државава. А и на овие избори во програмите на партиите, привлекувањето на странските инвеститори зазема значајно место. Колку изминатиов период владата успеа да реализира и да привлече странски инвестиции, со оглед на многуте кампањи, промоции на земјава во странство, и зад себе со најголем економски тим, вклучувајки и двајца посебни министри...Во Агенцијата за странски инвестиции иако не знаат која компанија точно со колкава сума учествува посочуваат дека значаен број вложувања влегле во земјава:

„Бројот на инвестиции во Македонија во 2007 беше околу 240 милиони евра и тоа е една бројка која е повеќе од два пати од инвестициите за 2006-та година, а инвестициите во првите два месеци од оваа година ја имаат надминато бројката од 100 милиони евра.“

Истакнува Виктор Мизо директор на Агенцијата за странски инвестиции. Додека граѓаните сеуште очекуваат подобар живот, од регистираните во јавноста меѓу компаниите кои што одлучија да инвестираат во Македонија засега реализирана на терен е онаа на Џонсон Контролс, својот прв супермаркет го отвори словенечки Туш, а од поглемите инветиции се чека на реализација на најавеното влегување на британски Џонсон Мети... Мизо вели дека неможе прекуноќ да се очекуваат резултати:

„Резултатите и од кампањата и од Агенцијата, и од ангажманот на министрите е нешто што треба да се гледа на подолг рок.“

Експертите пак укажуваат дека колку и да се обидуваат владите преку разни мерки да го потикнуваат развојот на економијата тоа е залудно, бидејќи политичката стабилност оди рака под рака со економијата:

,,Непостоење политички дијалог, значи ако се гледа во целина не создадовме т.н. макро економски политички амбиент за странски инвестции, повеќе се фокусиравме на микро политички амбиент.“

Вели професорот Абдулменах Беџети. Во изминативе две години според кажувањата на Агенцијата за странски инвестции влегле 340 милиони евра странски инвестиции, а во 2006-та година според податоците на Заводот за статистика 350 милиони американски долари.
XS
SM
MD
LG