Достапни линкови

Предлозите за кантонизација, федерализација или повеќе енитети за експертите се визии без покритие


Какво ке биде уредувањето на Босна и Херцеговина е тема со која во последно време се занимаваат без исклучок сите политичари во БиХ. Нивните предлози кои се движат од федерализација, кантонизација, па дури и создавање на неколку ентитети внатре во државата за правните експерти се визии без покритие.

Професорот од Правниот Факултет во Бања Лука Петар Куниќ смета дека реалноста е многу поинаква и може да се види во постоењето на само два ентитета. Со оглед на постоечката полтичка елита во Босна и Херцеговина вели Куниќ уставот е можно да биде сменет во некои делови, а нов би можело да биде донесен за 50 години.

„Светот веќе нема да дозволи никакви поделби внатре во Босна и Херцеговина. Особено Хрватската страна може тоа да го бара, но да потсетиме на една работа, хрватите исчистија една четвртина од својата територија од Срби така што сега не може да бидат наградени со ентитет и во БиХ. Така што тоа не е раелно.“

вели Куниќ и додава дека и преставниците на Соединетите Американски Држави јасно го покажале нивниот став дека се против рекомпонирање на внатрешната слика на земјата.

„Значи мора да остане внатрешната структура каква што е сега и секако да се градат ефикасни институции. Доколку се блокира работата на заедничките институции никогаш тие нема да бидат ефикасни.“

Вели Куниќ. И експертот за уставно право доктор Чазим Садиковиќ смета дека предлозите на политичарите за идното уредување на земјата се неодговорни и несериозни така што за нив не треба ниту да се расправа. Повекето од политичарите оценува Садиковиќ воопшто и не знаат дека федерација преставува збир на држави кои се здружуваат заради интерес и создаваат нова држава. Заради тоа вели тој се поставува прашањето дали домашните политичари кога предложуваат уставни решенија исклучиво водат сметка само за собирање на политички поени.

„Кај оние граѓани кои знаат само за етнички, верски и други поделби, а кои не водат сметка за другите интереси на современата цивилизација и на современо уредените функционални држави. Значи, тоа се поени кај примитивниот дел на изборното тело на кое му се важни само таквите моменти, а се друго или не му е важно или воопшто нема престава кои би требало да бидат политичките цели во една модерна, функцинална и европска демократија.“

Професорот од мостарското сеучилиште Славко Кукиќ пак вели дека политичарите во Босна и Херцеговина се некомпетентни и се слика на општетсвото. Според него под маската на приказната за европска структура на држава тие всушност свесно работат на нејзината дезинтеграција.
XS
SM
MD
LG