Достапни линкови

Багдад: Тројца претставници на иранската амбасада во Ирак повредени при напад на вооружено лице


Тројца претставници на иранската амбасада во Багдад биле ранети во напад на вооружено лице. Според портпаролот на амбасадата двајца од ранетите се во сериозна состојба. Ирачката полиција го потврди инцидентот, но не соопшти детали за тоа кој стои зад нападите. Официјалната иранска новинска агенција ИРНА ја обвини американската војска, додека портпаролот на американските трупи во Багдад ги оцени обвинувањата како апсурдни.
XS
SM
MD
LG