Достапни линкови

Вашингтон: Конгресот бара намалување на срествата кои Буш ги бара за антиракетниот штит


Комитетот на американскиот Конгрес препорача за речиси третина да се намалат средствата кои администрацијата на Претседателот Џорџ Буш ги бара за изградба на антиракетнот штит во Европа. Владата на Буш побара 712 милиона долари за Штитот во Полска и Чешка а Комитетот на Конгресот препорача кратење за 232 милиона. Неодамна Комитетот на американскиот Сенат за оружје го одобри барањето на Претседателот Буш во целост. За да законот стапи во сила, Конгресот и Сенатот ке мора да се усогласат и тој да биде потпишан од Претседателот на Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG