Достапни линкови

Поради ангажманот од партиите ,,ќар“ за маркетинг агенциите, печатниците, превозниците


Изборните кампањи во периодот на нивното одржување на одредени фирми им носат поголем профит. Особено,овој период е од големо значење за оние кои се занимаваат со печатарство, но сепак за некои печатници, кои се надвор од Скопје не придонесоа за поголема заработувачка. Еден сопственик на печатница од Струга вели дека иако повеќето од политичките партии доставиле понуди за изработка на постери и флаери сепак поголемиот дел од работата ја превземале нивните колеги од главниот град.

„Имаме доста соработувано, но сега малку не селектираат. Ние сме во Струга, а претжно целиот материјал се прави во Скопје, а за нас остануваат ситните работи.“

И за некои од превозниците изборите не придонесоа за зголемување на нивниот буџет. Ленин Јовановски директор на приватното превозно претпријатие "Слобода превоз", вели дека партиите за митинзите кои ги организираат надвор од Скопје ангажираат превоз преку туристички агенции, но сепак како што вели тој во исчекување се да добијат нарачка од некоја партија.

„Очекуваме можен ангажман во делот на митинзите кои што ќе се одржуваат во Скопје. Во секој случај ние сме професионалци и нормално се што значи економски интерес за фирмата ќе го прифаќаме без разлика од која политичка партија доаѓа нарачката.“

вели Јовановски и додава дека политичките партии не се најдобри плакачи на услугите:

„Вообичаено партиите најчесто се јавуваат и бараат тоа да биде во вид на некакво спонзорство, помош или по пониски цени, така што мислам дека партиите не се добри нарачатели и плаќачи на услугите.“

Според бизнисмените, сите зделки кои ги прават политичките партии со компаниите се организираат преку Маркетинг агенциите, но тие не беа расположени за коментирање. За ова, економистите велат дека политичките партии најчесто користат услуги од фирми од кои имаат најмногу корист особено во придобивањето на гласачи.

„Јас мислам дека тие одат повеќе на тие што мислат дека ќе им донесат повеќе гласови, и тука тие одат повеќе на пропагандниот материјал. И тоа не се обично помладите партии, туку постарите партии имаат свои клиенти со кои што соработуваат и за кои мислат дека заедно со пропагандниот материјал ќе им донесат и гласови.„

вели Петрит Положани декан на Државниот Тетовски Универзитет.
XS
SM
MD
LG