Достапни линкови

logo-print

Најголем стравот меѓу Бугарија и Романија чии граѓани во огромен број емигрираат во Италија


Новиот италијански министер за внатрешни работи Роберто Марони сака да ги преиспита граничните контроли за патниците од европската шенгенска зона за да го намали криминалот и нелегалната миграција најмногу од замјите од источна Европа. Но, плановите предизвикаа аларм најмногу во земјите како Романија чии 550 000 грагани живеат во Италија. Тие се загрижени од растечкиот бран на ксенофобија во земјата која претсваува еден од нивните најголеми трговски партнери.

Порано Италија беше земјата на емигратни. Милиони сиромашни Италијанци заминуваа да заработат пари во земјите како Соединетите Американски држави, Јужна Америка и Северна Европа. Сега времињата се сменија. Новата десно ориентирана влада ги обелодени плановите да го прогласи нелегалното имигрирање за казниво дело а затворската казна да биде поголема од 4 години. Според медиумите плановите може да доведат до преиспитување на граничните контроли за патниците од шенгенската зона. Главната цел на планот е Романија. Таа не е дел од шенгенската зона, но италијанските власти тврдат дека многу романци стигнуваат во Италија преку други земји кои се дел од зоната. Италијанците со години се чувстваат фрустрирани поради бранот на имигранти кои догаат во нивната држава преку море, земја и водух. Според државната статистичка агенција во 2006 година имало речеиси 4 милиони странски државјани со престој во Италија. Нивниот број се зголемил откако членки на Европската Унија станаа Бугарија и Романија. Романците пак се главна цел на анти имигратскиот план затоа што според статистиката на министертството за внатрешни работи тие се први по бројот на приведувања за убиства, сексуални насилства и кражби. Претходната влада ги депортираше Романците со криминални досиеја, а актуелната на Берлускони најавува дека мерките за илегална имиграција ке ги стави на гласање во скоро време. Потегот предизвика загриженост во Букурешт, а романскиот премиер Калин Попески Таричеану побара од Рим да не го спречува движењето во Европа

„Правото на слободно движење во Европа е еден од главните столбови на Европското општество и ние не можеме да се согласиме со кршењето на тоа право. Ние разбираме дека непоколбливоста на владата е неопходна, но неможеме да прифатиме рестрикцијата на основните права кои ако сакате се вредности врз кои е изграден европскиот проект. “

Но Романија не е единствена што изразува загриженост. Асоцијацијата на Италијански бизнисмени реагираше околу новите мерки бидејки смета дека тие можат да им наштетат на односите со Букурешт со кои Рим годишно има 12 милијарди евра трговска размена.
XS
SM
MD
LG