Достапни линкови

Летаргична состојба на берзата, обесхрабрени инвеститори по самитот на НАТО, намален прогрес


Периодот на кампањата и оној потоа до формирањето на власта е речиси изгубен во однос на зацртаните цели за економскиот раст. Политичката кампања ќе го дефокусира вниманието од економските теми а освен тоа ќе ја зголеми инфлацијата која ги замаглува сите параметри и не е фактор кој придонесува за одржлив развој. Прогрес во овој период не можеме да очекуваме, коментира професорот Зоран Ивановски од Европскиот универзитет.

„Во овој период се соочуваме со значително трошење на ресуристе финансиски кои доаѓаат од различни извори кои се насочени за одржување на кампањата, фискалната политика не оди во прилог на решавање на проблемот со стапката на инфлација, така што единствен проблем во овој период го гледам можеби во отстапувањето од зацртаните правци за економски развој и можеби во една поголема фисклана недисциплона од страна на власта во однос на трошењето на буџетските средства.“

Состојбата на берзата е стабилно летаргична. Има мали осцолации надолу кои потоа се опоравуваат, нема никакви движења, се тргува со многу мали обеми. Влијаниајат се глобални и регионални , во македонија дополнителна незивесност за инвеститорите внесе проблемот со името , разврската на НАТО самитот што дополнително ги обесхрабри инвеститорите. Најголема корекција до сега запаметена на берзата е забележана на првиот ден по самитот во Букурешт. За вберзата сеуште овој период трае.

„Карактреристика на тој пост Букурештски период е минимизиран обем на тргување со мали осцилации во цените. Имаше благо опоравување после тоа, меѓутоа не повеќе од 3 до 4% на ниво на индекс или берза.“

Вели берзанскиот аналитичар Горан Марковски
Ниту изборната кампања ниту исходот од изборите нема пресудно да влијаат на движењата на берзата вели Марковски:

„Пресуден за берзата е епилогот на решавање на прашањето за името, но не само по себе како прашање туку нашите асоциијации за членство во ЕУ и НАТО, тоа е значи оној момент кој што ќе влијае на намалување на ризикот што го имаме како земја и ќе придонесе странските инвеститори да се вратат на пазарот и да ја раздвижат во позитивна насока.“

Вели Марковски.
XS
SM
MD
LG