Достапни линкови

logo-print

Брисел: Состанок на министрите за економија и за финансии на ЕУ


Министрите за економија и за финасии на Европската унија на денешниот состанок во Брисел би требало да усвојат механизам за поттикнување на вложувањата на Европската инвестициона банка во земјите од Западен Балкан. Во тие рамки ќе биде воспоставен фонд од милијарда евра за поддршка на приоритетните проекти во регионот. На евро министрите ќе им бидат претставени и претпристапните економски програми на земјите кандидати за Унијата: Македонија, Турција и Хрватска.
XS
SM
MD
LG