Достапни линкови

logo-print

Мадрид: Еден полицаец загинал при експлозија на бомба во северна Шпанија


Еден полицаец загинал, а четворица други биле ранети во денешната силна експлозија на автомобил бомба пред една полициска станица во северна Шпанија. За нападот се обвинува баскиската сепаратистичка организација ЕТА која вообичаено пред секоја ваква акција упатува предупредување. Последниот напад на ЕТА се случи на седми март, два дена пред општите избори во Шпанија.
XS
SM
MD
LG