Достапни линкови

Пекинг: Продолжуваат спасувачките напори по силниот земјотрес што ја погоди Кина


Првата група од стотина војници со падобранци била спуштена денеска во непристапната зона во Кина каде што бил епицентарот на земјотресот во кој загинале најмалку дванаесет илјади луѓе. Се страхува дека тој број би можело да биде многу поголем, бидејќи, според проценките, над осумнаесет илјади луѓе се уште се наоѓале под урнатините. Во акцијата на спасување во подрачјата што во понеделникот беа погодени од силниот земјотрес кинеските власти испратиле над сто илјади војници.
XS
SM
MD
LG