Достапни линкови

Москва: Русија повика да и бидат дадени безбедносни гаранции на Иран


Русија денеска ги повика големите сили вклучени во преговорите за иранската нуклеарна програма да и дадат безбедносни гаранции на таа земја. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров исто така побара Техеран рамноправно да учествува на преговорите за решавање на сите проблеми на Блискиот Исток. ,,Уверен сум дека станува збор за ефикасен начин за смирување на тензиите во регионот,, изјави Лавров по денешната средба во Екатеринбург со шефот на германската дипломатија Штајнмаер.
XS
SM
MD
LG