Достапни линкови

Белград: Раководството на „За европска Србија“ ги почна преговорите за нова влада


Раководствата на партиите од коалицијата „За европска Србија“ ги почнаа разговорите за формирање на стабилна четиригодишна влада, соопшти Демократската партија на Борис Тадиќ. Во меѓувреме коалицијата на Демократската партија на Србија- Нова Србија и Српската радикална партија постигнаа договор за програмските цели на владата, која евентуално би ја формирале. За обезбедување мнозинство потребни им се гласовите од Социјалистичката партија на Србија, која денеска ќе ги почне разговорите со партијата на Коштуница. Претседателот на Г 17 плус Млаѓан Динкиќ изјави дека е реално да се очекува во првата половина на јуни Србија да ја добие новата проевропска влада, чиј прв чекор ќе биде ратификацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ.
XS
SM
MD
LG