Достапни линкови

Странските амбасадори пробуваат да делуваат како корективен систем, оценува политикологот Дане Талес


Претседателот Бранко Црвенковски на денешната средба со амбасадорите на државите членки на Европската унија во Република Македонија,ке има свое обракање на кое се очекува, уште еднаш да ги истакне македонските заложби за ЕУ и НАТО и да побара поддршка во таа смисла.Можно е Црвенковски да го изрази своето очекување за фер и демократски избори, истакнуваат од кабинетот на претседателот. Од таму исто така велат дека на ова средба амбасадорите ке ги искажат своите мислења за тоа како тие ги гледаат состојбите во Македонија и регионот.

Инаку Црвенковски пред неколку дена апелираше за фер и демократски избори. Тој предупреди дека се друго освен регуларен изборен процес ќе претставува вистинска катастрофа за аспирациите и иднината на Македонија.

Освен Црвенковски апел до партиите за фер и демократски избори упатија и од меѓународната заедница. Амбасадата на САД и Амбасадорот на ЕУ во земјава Ерван Фуере ги осудија предизборните инциденти и побараа од политичките партии да го почитуваат кодексот за одржување на фер и демократски избори што го потпишаа пред почетокот на предизборната кампања апелирајки дека овие избори се многу важен тест за земјата и всушност се еден дополнителен критериум што земјата ке треба да го исполни.

Но овие предупредувања кои ги испракаат од меѓународната заедница,политичките партии не ги почитуваат сметаат експертите. Политикологот Дане Талески вели дека партиите оставаат впечаток дека ги ставаат своите лични партиски интереси пред државните.

„Политичките партии на различни начини ги прекршуваат таа фер и демократска страна, со закани, пукање. Го загрозуваат животот на граѓаните, ги заплашуваат, но има и многу посуптилни злоупотреби, користење на медиумски кампањи. Има и сериозни разлики во тоа колку се троши за кампањите,“

вели Талевски и додава дека без разлика на барањата на меѓународната заедница за фер избори, текот на изборите најмногу зависи од политичарите и нивните лидери:

„Меѓународната заедница е ова максумум што може да направи. Јавно да излезе и да побара. Јас сум шокиран, згрозен сум, на сите изборни циклуси ние ги имаме странските амбасадори во оваа земја кои пробуваат да дејствуваат како корективен механизам во нашиот систем. Тој не е дел од нашиот демократски систем, не е дел од нашите институции, туку е надворешен корективен мехенизам. Оние кои се одговорни и кои може да ја променат ситуацијата се политичарите кај нас,“

посочува Талевски.
XS
SM
MD
LG