Достапни линкови

Свет: ОН, САД, ЕУ и земјите од Блискиот Исток ги осудија насилствата во Либан


Обединетите Нации, Соединетите Држави, Европските и земјите од Блискиот Исток ги осудија насилствата во Либан и ги повикаа сите страни да ги запрат борбите. Американскиот претседател Џорџ Буш ја реафирмира подршката на либанската Влада, а ги осуди напорите на Хизболах и неговите спонзори Иран и Сирија, кои со насилство се борат против Владата. Во судирите во Бејрут и други градови во Либан, од минатата недела досега, загинаа најмалку 60 луѓе.
XS
SM
MD
LG