Достапни линкови

Пекинг: Спасувачките екипи пристигнаа во регионот на епицентарот на вчерашниот земјотрес во Кина


Спасувачките екипи пристигнале во реонот на епицентарот на силниот земјотрес, што вчера ја погоди југо-западна Кина, при што настрадале околу 10 илјади луѓе. Во провинцијата Сечуан имало урнати училишта, фабрики и други објекти. Кинескиот претседател Ху Џинтао побара од властите да вложат максимални напори за помош на настраданите. Помош понудија Соединетите Држави, Русија и Европската Унија.
XS
SM
MD
LG