Достапни линкови

Почеток со инциденти


Ако се суди по почетокот оваа изборна кампања најавува жестока кампања насилство и со инциденти. Неколку дена претходно нетрпеливоста меѓу двете најголеми партии во албанскиот блок не го дочека ни официјалниот старт на кампањата за да започне со жестоки пресметки. Вчера, беше опожарена дискотека , беа изрешетани изборни штабови, имаше експлозија на бомба. ДУИ ги обвини активистите на ДПА дека стојат зад инцидентите. И денеска Ермира Мехмети од ДУИ испрака обвинувања на истата адреса.Тоа им останува единствен начин да обезбедат изборен резултат кој е во нивен интерес, вели таа.

Од ДПА одговараат- ДУИ е партијата која по воениот конфликт во 2001 воспостави други стандарди, која го воведе насилството во кампањата. Ние ги вложуваме сите напори да ги вратиме тие стандарди и да обезбедиме нормален изборен процес велат во оваа партија.

Во министертвото за Внатершни работи велат дека ќе се трудат максимално да делуцваат превентивно на теренот.

Вели портпаролот на МВР Иво Котевски кој сепак смета дека во нивното случување пресудно не може да влијае министерството и ашпелира пред се свеста на учесниците. Професорот јетон шасифари вели дека сите инциденти кои се случуваат во рамките на кампањата не се по правило поврзани со изборите но дека во овие денови тие добиваат таква конотација. Ривалитетот во албанскиот блок вели дека е интензивиран по 2006 година.
Исходот од вака отпочнатата кампања според Шасивари би можел да биде зголемен број на апстиненти во гласачкото тело и ја акцентира во сето тоа одговорноста на партиските лидери.
XS
SM
MD
LG