Достапни линкови

Македонските власти ја поздравуваат победата на Демократите


Победата на коалицијата „За европска Србија“ предводена од Демократската партија на српскиот претседател Борис Тадиќ ке придонесе за стабилизација на регионот,велат од кабинетот на Претседателот на Македонија. Од таму посочуваат дека е добро да има демократска власт во Србија затоа што ке има внатрешна стабилизација во српскиот елеекторат а со тоа најверојатно нема да има поделба на Косово како што планираа Радикалите, да се одвои северниот дел од покраината и да се припои кон системот на Србија односно како што најави Тадиќ ќе ја оспоруваат независноста на Косово само на дипломатски начин. Од кабинетот исто така велат дека победата на демократите има големо значење и за Македонија, бидејќи нема да има радикализација за демаркацијата на границата и покрај тоа што Тадиќ на самитот во Охрид најави дека политички не се согласува околу тоа прашање.

И од Владата на Република Македонија ја поздравуваат победата на Демократите.Од таму велат дека конечно на балканот изборите се празниик на демократијата, а со тоа Балканот потврдува дека се движи кон Европа и кон демократски и економски развој.

Експертите пак велат дека иако победиле демократите нема да има некој поголеми промени во политиката на северниот сосед.Проблемот тие го гледаат во неможноста за демократизација на српското општество

„Тоа е наш сериозен проблем на Балканот. Не е проблем каква ќе биде надворешната политика на Србија. Тоа е она што нас не дестабилизира. Тоа што не можеме да го реорганизираме српското општество. Да се намали влијанието на радикалите во српското општество, комбинацијата на СПЦ и Радикалите, тоа е она што генерира од време на време нестабилност на Балканот. Тоа е во генот на српската нација, тоа е нивниот проблем, нив им требаат државници кои ќе ја пресечат папочната врвца меѓу српката нација и косовскиот мит, а тоа е многу тешко,“

вели директорот на институтот Евро Балкан Јован Донев.
XS
SM
MD
LG