Достапни линкови

Коалицијата „За европска Србија“ доби најмногу гласови


Про-западната коалиција За Европска Србија доби најмногу гласови на вчершаните предвремени избори, но националистите тврдат дека тие можат да формираат влада. Според првичните резултати, партијата на Претседателот Тадиќ доби околу 39 насто околу 10 проценти повеќе од Радикалите на Томислав Николиќ. Меѓународната заедница даде првична оценка за фер и демократски избори со јасна победа на европските сили.

Коалицијата За европска Србија предводена од Демократската партија на српскиот претседател Борис Тадиќ синоќа прогласи победа на предвремените парламентарани избори во Србија. Во овој момент е важно тоа што граѓаните на Србија без сомнеж го потврдија јасниот европски пат на Србија, изјави Тадиќ на прес-конференција во Белград на која рече дека сега е најважно да се формира нова влада што е можно побрзо.

„Ви благодарам многу, Ова е голема победа за Србија, за српската демократија и голема победа за европската иднина на Србија.“

Коалицијата на Претседателот Тадиќ калкулира со 103 пратеници, а ним блиските Либерал демократи на Чедомир Јовановиќ, според проекциите ке добијат 13 пратеника. Од друга страна, Радикалите можат да сметаат на 76 пратеника. Коалицијата на Воислав Коштуница на 30 и Социјалистите на 21 мандат во новиот српски парламент. Сега, прашањето е кој ќе формира нова влада. Претседателот Тадиќ и неговата Демократска Партија велат дека ке сторат се Србија да добие про-европска влада.

„Доколку меѓу партиите на оние кои ги загубија изборите постои идеја за формирање коалиција која ке не врати во 90 тите години, би сакал да им порачам дека тоа ќе биде против вољата на гласачите, а такво нешто а апсолутно неприфатливо.“

Меѓутоа лидерот на Радикалите Томислав Николиќ порача.

„Постои голема шанса да биде формирана коалиција во која нема да биде Демократската Партија. На оние кои со право се радуваа на најголем број освоени гласови за нивната партиска листа, сакам да им порачам дека Борис Тадиќ нема право нивното славење да го престави како славење на оние кои ќе формираат нова влада. Нека ја формираат владата, но за да биде одобрена ке им требаат гласови на 126 пратеници.“

И Воислав Коштуница кој беше премиер во коалиционата влада со Тадиќ ја потврдува блискоста со Радикалите на Николиќ

„Разликите меѓу нас се повеќе од јасни и непремостливи кога станува збор за Нас и Партијата на Претседателот Борис Тадиќ.“

Словенечкото претседателство на Европската унија ја поздрави јасната победа на проевропските сили на парламентарните избори во Србија.
и изрази надеж дека набргу ќе биде формирана нова влада со јасна европска програма за земјата да продолжи да чекори на патот кон Европската Унија и да добие статус на кандидат.
XS
SM
MD
LG