Достапни линкови

logo-print

Партиската книшка најважна, сметаат граѓаните


Во Македонија при вработување, партиската книшка е побитна отколку степенот на завршено образование, сметаат граѓаните. Тие велат дека поради овој проблем во институциите се вработуваат кадри кој не се соодветни за извршување на работата и дека луѓето се зачленуваат во политичките партии само побргу да најдат работа.

„Членската книшка е побитна ако сакаш да просперираш. Имаме случај каде што во образование предаваат со несоодветно образование, дури и средниста или некој само запишан на факултет. До сега образованието барем се ценеше, меѓутоа во плурализмот партиското членство почна да се цени.“
„Партиската книшка вреди многу, а школото малку.“
„Повеќе се цени партиската книшка, сите се зачленуваат за вработување.“


Овој проблем кој веке од поодамна ги мачи граѓаните почна да се менува кон подобро велат студентите. Самоил Малчевски претседател на Сојузот на студенти при Универзитетот Свети Кирил и Методиј вели дека од пред неколку години при вработување веќе се почитува дипломата.

„Тоа било тенденција можеби 50 години назад. Добро е што последните неколку години полека полека се менуваат работите. Значи, прв пат почнува да се почитува институцијата конкурс. Значи, квалитетните млади луѓе без партиска припадност конечно може да добијат вработување.“

Со слично мислење е и Сади Беџети ректор на државниот Тетовски универзитет. Тој посочува дека пред се е најважна дипломата и знаењето и дека само така може да се подобри ситуацијата во земјава:

„Порано се случуваше, но претпоставувам политиката е сменета. Критериумите се знаат, најдобри оценки,“

вели Беџети.
XS
SM
MD
LG