Достапни линкови

logo-print

Општините и централната власт ги „кршат копјата“ околу државното градежно земјиште


Пресуден момент за успешно функционирање на општините и нивен економски развој е владата да ни го отстапи државното градежно земјиште конинуирано веќе неколку години по процесот на децентрализација повторуваат првите луѓе на локалните самоуправи во земјава. Но на ова укажуваат и експертите. Горан Ангелов експерт во областа на локалната самоуправа, вели дека ова е пример кој што не само пошироко туку веќе е спроведен и во земјите од соседството:

„Државата не сака да се откаже од земјиштето од две причини. Најпрвин, тоа е контролната функција, која сака да си ја задржи за себе, значи да има контрола врз градежното земјиште и втората причина е материјалната добивка од продажбата на градежно земјиште,“

посочува Агелов. Од една страна не повикуваат да учествуваме во привелкувањето на инвеститори во општините, а ,,рацете ни се врзани“ бидејќи немаме земјиште што можеме да им го понудиме. Инвеститорите бегаат од нерешени имотно-правни односи, вели градоначалникот на Струга Рамиз Мерко:

„Од друга страна, даваат ингеренции во многу области каде што локалната самоуправа треба да троши пари.“

На слично мислење и првиот човек на Ресен Димитар Бузлевски. Отварањето на големиот туристички комплекс Аква Пура што е странска инвестиција доцни со месеци поради нерешените проблеми со земјиштето, посочува Бузлевски:

„Заради тоа, во однос на изработка на урбаниситчките планови, обврската за добивање мислење и согласност од Министерството за транспорт, којашто трае долго, една година веќе доцни проектот.“

Градоначалникот на скопската општина Гази Баба Коце Трајановски и воедно потпретседател на ЗЕЛС пак се согласува дека државното земјиште треба да им се отстапи на оопштините, но според негово мислење и тоа ќе биде проблем доколку во владение им се предадат парцели со нерасчистени имотно правни односи, правни односи:

„Владата на Република Македонија прави еден добар потег. Комитетот за урбаната експанција, во којшто има околу 500 до илјада предмети и голем број случаи се чистат.“

Бидејќи при продажбата на државното земјиште, средствата се слеваат во буџетската каса на што најмногу реагираа општините, сега преку измените на законот за градежно земјиште е поместена одредба според која 60% од добивката ќе и припадне на владата, а 40% на општините, инофрмираат од министерството за транспорт и врски. Во врска со отстапувањето на земјиштето оттаму велат дека се праван анализи кога и под кои услови тоа би им се давало на локалните самоуправи.
XS
SM
MD
LG