Достапни линкови

Дали демократскиот блок ќе има доволно сила?


Поради се посилните партии од времето на Слободан Милошевиќ и враќањето на реториката од 90 тите години, големо прашање е дали Демократскиот блок ќе има доволно сила во недела да освои доволно мандати за да формира влада. Имено, според аналитичарите клучно е дали доминантниот про-европски став на граѓаните ќе може да се спои со умерниот пристап кон Косово во добитна комбинација за демократскиот блок или во Србија на власт ќе дојдат радикалните сили.

Во Србија на вонредните парламентари избори главната битка ке се води меѓу партиите за Европска Србија на актуелниот претседател Борис Тадиќ и од другата спротивна страна - радикалите чиј ностител на листа е Воислав Шешељ, како и Социлјистичката партија со Ивица Дациќ и веројатно Демокартската партија на Србија – Нова Србија на чело со актуелниот премиер Воислав Коштуница.
Денес партиите од времето на режимот на Милошевиќ, Социјалистите и Радикалите, имаат око 40 насто подршка од гласачкото тело, а лидерот на Демократската партија на Србија Војислав Коштуница, кој во 2000 на чело на Демократске опозиције на Србија го победи Милошевиќ според уверувањата им е поблизок на Радикалите и Социјалистите. Главното прашање е како партиите утре ќе го капитализираат идеолошкиот расцеп на политичката и социјалната сцена, вели истражувачот на јавното мислење социологот Сречко Михајловиќ. Според него, станува збор за прашањата на односот кон Европа, односот кон српскиот нео социјализам од типот на Милошевиќ и односот кон Косово.

Сега се поставува прашањето, ако гледаме ваков однос на граѓаните кон трите клучни прашања, Европа, социјализмот и Косово, дали тоа се одразува и врз определбите на граѓаните од една страна и врз нивниот однос кон политичките партии. Односно дали доминацијата на еден про европски став и еден став на по мек однос кон Косово ќе има преднос и при броењето гласови за демократите на Борис Тадиќ. Сметам дека тоа е тепко да се одговори затоа што Демократскиот блок не успева да ги капитализира своите уверувања со определбите на граѓаните.




Токму затоа се смета дека постоји голема можност за формирање заедничка влада на радикалите со коалицијата Демокартската партија на Србија – Нова Србија на чело со актуелниот премиер Воислав Коштуница и социјалистите. Прв потег на овој таканаречен Анти европски блок би бил поништување на Спогодбата за асоцијација и стабилизација со Европската Унија потпишана во време на кампањата од страна на Претседателот Борис Тадиќ.
XS
SM
MD
LG