Достапни линкови

Приштина: Демонстрации против српските локални избори


Косовското движење Самоопределување најави дека денеска ќе организира демонстрации во Приштина, поради најавите за одржување на српските избори во Косово во недела. Учесниците ќе фрлаат смет пред зградата на Владата и Мисијата на Обединетите Нации, изјави лидерот на Самоопределување, Ајбин Курти, кој смета дека УНМИК и институциите на Косово, иако можеле, не направиле ништо да оневозможат одржување на српските избори на територијата на Косово.
XS
SM
MD
LG