Достапни линкови

Партиите потпишаа Кодекс за фер и слободни избори


Република Макрдонија може и мора да спроведе фер парламентарни избори,да ја унапреди стабилноста и демократскиот развој на земјата,кои следствено ке ги поддржат евроатланските аспирации на Македонија.Изјави Крис Хеншоу Директор на Националниот Демократски институт за меѓународни работи,кој присуствуваше на потпишувањето на „Кодексот на однесување за слободни и фер парламентарни избори“ со кој претседателите на најголемите политички партии се обврзаа дека јавно ке поддржуваат мирна и демократска атмосфера и дека ке го осудат секој чин на насилство и заплашување.

-Тажно е што изборите во Македонија се сеуште проблематични.Веќе имаше инциденти кои се интерпретираа како поврзани со изборите.Изборите во Македонија не се проблематични од аспект на организирање.напротив,извештајот на ОДИХР од 2006 година има позитивен извештај за администрирањето на изборниот процес.Проблемите на изборите во Македонија се проблем од аспект на однесувањето.

Сакам да ја дадам мојата целосна поддршка за одржување на фер и демократски избори,истакна Лидерот на СДСМ Радмила Шекеринска

„Социјалдемократскиот сојуз постојано бараше и инсистираше на услови за фер и демократски избори, бидејќи само во фер и демократски услови граѓаните на Република Македонија навистина ќе кажат каде оди Македонија, што мислат за сегашната власт и што сакаат да видат во следните неколку години„

И од Државната изборна комисија очекуваат дека со потпишувањето на кодексот изборите ке поминат во добра атмосфера и ке бидат пофторно позитивно оценети од Меѓународната заедница.

„Јас сум уверен дека сите политички партии кои го потпишаа кодексот за фер и демократски избори ќе го почитуваат. Впрочем, и за претходните парламентарни избори после потпишувањето на Кодексот и тогаш го почитуваа него и навистина имавме фер и демократски избори во 2006-та година. Очекувам и оваа година да имаме уште пофер и демократски избори“

рече Јован Јосифовски претседател на ДИК.
XS
SM
MD
LG