Достапни линкови

Македонија добива патоказ за визна либерализација


Безбедност на документите, интегрирано гранично управување, борбата против корупцијата и оргазнизираниот криминал и почитувањето на човековите права. Овие се главните услови за укинување на визниот режим на земјава, кои се содржани во документот што шефот на македоската дипломатија Антонио Милошоски денеска ќе го прими од Европската Комисија. Таканаречениот патоказ за визна либерализација ги содржи насоките во кои треба да се движи земјава, со цел до крајот на годината во извештајот на Комисијата да биде содржана и позиртивна препорака за укинување на визниот режим за нашата земја, соопштуваат од министерството за надворешни работи. Иако во февруари Македонија и официјално ги почна преговорите за укинување на визите, при што студентите, новинарите, возачите спаѓаат во актегоријата за која важат олеснувањата, студентот Стеван Цветковски вели дека засега не забележал олеснувања кога побарал виза за да патува во една од земјите на Европската Унија.
„Процесот е сосема на почеток. Јас добив гарантно писмо и почнав процедурата. Во секој случај, не е многу лесно“
Експертите пак предупредуваат дека сите одлуки на Унијата се носат на политичко ниво, односно дека нема да биде изненадување доколку исполнувањето на критериумите се стави во позадина на политичката војла на некоја од земјите-членки
„Ќе биде многу потешко за Грците да наметнат политичко решение во нивна полза, ако техничките критериуми се исполнети. Исто така како што би било многу тешко за нас да бараме политичка одлука без да имаме исполнето некој од техничките критериуми“
вели политичкиот аналитичар Дане Талески
Според проф.Илбер Сеља од Штуловиот Универзитет не треба да се очекува укинување на визниот режим се додека Македонија не добие датум за преговори за членство во Унијата. Според него, очекувани се евентуални опструкции од страна на Грција и во однос на либерализацијата на визниот режим на нашата земја.
„Нема да има либерализација на визите, туку некои услови ќе бидат помалку. Практично, граѓаните ќе го видат тоа. Грција сигурно ќе прави проблеми, зашто Грција е многу силна во Европската унија и во НАТО“
На 22 февруари годинава, Македонија и официјално ги отпочна преговорите за укинување на визите со Европската Унија. Потпретседателот на Европската Комисија, Франко Фратини тогаш изјави дека дијалогот за либерализација на визниот режим до крајот на годинава е возможна мисија, но само доколку
во текот на наредниот период интензивно се работи на постигнување на таа цел.
XS
SM
MD
LG