Достапни линкови

Верување дека ќе се остварат сите ветувања


Земјоделците се надеваат дека владините најави за давање на субвенции за поддршка на земјоделието во висина од 460 милиони евра во период од четири години се остварливи,но сепак некои од нив стравуваат од нефункционирањето на државните институции.Земјоделецот Стевче Атанасовски вели дека сегашната владина политика дала голем придонес за развивање на земјоделството.

„Самата влада не одлучуваше, Министерството се договараше со земјоделците и ние земјоделците предлагавме што и колку, па гледам дека сите наши предлози се прифатливи“

Земјоделецот Тоде Лазаревски пак објаснува дека иако владата ги исполнува своите ветувања,сепак поради корумпираноста на државните институции досега немало објективност при доделувањето на државно земјиште.

„Добро е што земјоделието се наоѓа во овие планови, ама земјата како да се подели? Ние мислиме дека е најдобро според програма на Министерството, со критериуми според кои треба да имаш платени давачки, пензиско и здравствено осигурување. Ама, сепак стравуваме од непочитувањето на институциите на системот“


вели Лазаревски и додава дека нашите земјоделски здруженија не се доволно ефикасни.

„Здруженијата не се легитимни. Тие треба да бидат гласани од земјоделци. Има во федерацијата луѓе кои се од зграда, кои немаат фарма или земја.


Од сојузот на земјоделците велат дека со соработката која ја имаат со владата успеале да го подобрат статусот на македонските земјоделци.

„Во изминатиот период ние бевме единствени земјоделци овде на Балканот, коишто бевме избркани од буџетот во којшто пак земјоделството учествува во голем процент. Меѓутоа, даде господ, од 2006-та година вратени сме во државниот буџет и работите сега за сега добро одат“

вели Вељо Тантаров претседател на сојузот и додава дека сојузот на земјоделците придонел за остварување на контакти со странски инвеститори, но како што вели тој, поради непознати причини проектот не се остварил.

„Имавме контакт со една голема земјоделска компанија од Израел, се договоривме да се формира мешовита македонско-израелска фирма за производство на отворено поле на пиперки, домати, краставици и морков, односно се договоривме израелската памет од аграрот да се пресели и во нашата држава. Меѓутоа, од неразбиливи причини овој проект пропадна“
XS
SM
MD
LG