Достапни линкови

Вашингтон: САД и Македонија ќе потпишат договор за продлабочена соработка


Република Македонија и САД денеска ќе потпишат спогодба за продлабочена билатерална соработка со која Вашингтон ќе ја гарантира безбедноста на земјава. Спогодбата ќе ја потпишат шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс. Како што пренесува МИА, министерот Милошоски смета дека спогодбата ќе биде уште една потврда оти Република Македонија останува на курсот на евроатлантските интеграции и инвестира во стратегиското партнерство што веќе го има со Вашингтон. САД најавија потпишување билатерална спогодба по Самитот во Букурешт, на кој поради грчкото вето Македонија не доби покана за членство во НАТО.
XS
SM
MD
LG