Достапни линкови

Според последните истражувања можно е партиите против евро интеграциите да добијат мнозинство


Според последните истражувања блокот партии кои се против евроинтеграциите и потпишувањето на спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската унија можно е на парламнетарните избори во мај да добие големо мнозинство. Ваквата состојба за прв пат се појавува по падот од власта на Милошевик.

Според последните истражувања на агенцијата Медуим Галуп Српската радикална партија на изборите кои ке се одржат на 11 мај ке добие 35,1 насто од гласовите, а за блокот партии за европска Србија кој го води Демократската партија би гласале 34,2 насто од граганите.
Во истото истражување се наведува дека за народниот сојуз Демократска партија на Србија и Нова Србија би гласале 11,6 насто од гласачите, за Социјалистичката партија на Србија 7 проценти , а за Либерално демократска партија 6 насто. Следејки ги овие бројки политичкиот аналитичар Дејан Вук Станковик вели дека може да се случи Српската радикална партија, Коалицијата демократска партија на Србија и Нова Србија и Социјалистичка партија, односно блокот кој е против евроинтеграциите да добијат мнозинство пратеници

„Постои одредена сличност во политичките ставови на овие партии која навестува дека би можеле да соработуваат – тоа е многу сличниот став кон Европската Унија. ДСС ги доближи ставовите до Радикалиите кога е во прашање Унијата дури и во некои ситуации делуваше по остро од самите радикали. А колку што може да се заклучи ставовите и на Социјалистите не се далеку од на овие две партии. “

вели Станковиќ.

Политичкиот аналитичар Владимир Гоати пак смета дека во овој период е тешко да се процени кој би можел да има мнозиство по 11 Мај, но сепак очекува одлуката за тоа да биде во рацете на социјалистите.
Инаку социалистичката партија во 2004 година ја подржа малцинската влада која беше проевропски ориентирана. Врз основа на ова искуство некои експерти сметаат дека не е исклучено сценариото тоа да се повтори и на овие избори.

„Се сомневам дека социјалистите лесно би прифатиле да влезат во влада со овие партии но би можеле да дадат некаква условна подршка која долгорочно гледано би им овоможила на некој начин да се отргнат од ореолот на партија на Милошевик.“

вели Станковиќ.

Истовремено промена во рејтингот на партиите може да донесе неодамнешното потпишување на договорот за Стабилизација и асоцијација со Европската Унија бидејки овие истаржувања се спроведени пред неговото потпишување. Според истражувањата на Стратеџик маркетинг 66 насто од граганите на Србија ја подржуваат спогодбата со унијата, а 21 процент се изјасниле против.Светлана Логар од оваа агенција вели дека договорот со европската унија ке го зголеми рејтингот на партиите од проевропскиот блок, но додадва дека политичарите мора да им ги објаснат на гласачите придобивките од него

„Почнаа многу негативни кампањи , граганите се многу збунети и имаат недоверба за тоа што навистина се случува. Од кампањата и од тоа дали проевропските сили ќе знаат да им објаснат на граганите што навистина се случува ќе зависи и колку ќе се зголеми нивниот рејтинг.“

вели Логар.
XS
SM
MD
LG