Достапни линкови

Потврда на поддршката од САД


Утре во Вашингтон се очекува Македонија да го потпише документот за продлабочување на билатералната соработка со САД кој и беше ветен по неуспевањето да добие покана за членство во НАТО на самитот во Букурешт поради грчкото вето. Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски ќе ја оствари средбата со државниот секретар на САД, Кондолиза Рајс која беше договрена уште на самитот во Букурешт. Ќе се разгледаат постоечките билатерални односи и можностите за нивно продлабочување, само најавуваат од МНР иако извори оттаму велат дека секако ќе се потпише некаков документ чија содржина и цел засега се најавува само како продлабочување на соработката во повеќе области. Во МНР не сакаат засега да прејудицираат нарекувајќи го овој дфокумент договор но самото тоа што во толку кусо време се случува оваа посета со Кондолиза Рајс е потврда за поддршката што ни ја даваат САД, велат оттаму.

Да се работи на едно засилено стратегиско партнертсво и на зајакнување на соработката и заемните врски, вакво толкување на ветеното во Букурешт пренесе по самитот американската амбасадорка во Македонија, Џилен Миловановиќ. Подоцна Милованивиќ во јавноста појасни дека нема никакви индикации од Вашингтон дека ќе има официјално потпишување на нешто или официјален договор што треба да се потпише. Според нејзините изјави станува збор за продлабочување и зацврстување на пријателството, кое САД веќе го имаат со Македонија, во повеќе области . Јас сум уверена дека тоа ќе биде и исходот на посетата на министерот Милошоски на Вашингтон на 7 мај, изјави Миловановиќ .

Во интервју за Радио Слободна Европа министерот за одбрана Лазар Еленовски ги демантираше првичните информации кои ги пренесоа медиумите дека станува збор за воено технички договор кој како што рече би барал и повеќе детали и ратификација во американскиот Конгрес и Сенат. Станува збор за договор за дополнителни безбедносни гаранции или безбедносни прашања коишто би биле дефинирани како зголемена соработка меѓу Македонија и САД објасни Еленовски:

„Ова најевројатно на ниво на извршната власт, на администрацијата на претседателот Буш, во делот на Белата Куќа, Стејт Департментот и Пентагон ќе се усогласи еден договор којшто би требало да биде потпишан. Ние во рамките на тоа, а и генерално имајќи предвид дека имаме одлична соработка со Пентагон, разговаравме за евентуални дополнителни форми на можна соработка, меѓутоа, сепак тоа не би било некој нов документ. Ние и онака имаме цврст документ со којшто соработуваме со Пентагон. Имаме цврсти односи. Огромна е поддршката на САД и на воено поле и на политичко, како што видовме.“

рече Еленовски.
XS
SM
MD
LG