Достапни линкови

Владата вели дека изборите нема да влијаат врз економијата поради кусиот период во кој се одржуваат


Според податоците на Државниот завод за статистика, инфлацијата за април годинава изнесува 10,1 проценти. Аналитичарите посочуваат дека и предвремените избори имаат влијание врз инфлацијата која два месеца по ред е двоцифрена. Абдулменаф Беџети професор на Штуловиот Универзитет во Тетово вели дека поради прикривањето на парите кои ги трошат партиите за време на изборните кампањи дирекно ќе влијаат врз инфлацијата:

„Неможе никој да ги квантификува, затоа што едно се тие износи кои што се даваат во извештаите, а друго се тие кои што се трошат. И обично тие се повлечени средства, кои не се ,,бојадисани„ од напред ниту пак точно се знае изворот. Тоа се сепак дополнителни пари кои што се пуштаат во промет, а кои што директно влијаат врз инфлацијата, а од друга страна изворот точно не се знае.“

Со слично мислење е и Зоран Ивановски декан на Факултетот за економски науки на Европскиот Факултет. Тој вели дека за време на предизборните активности може да се очекува поголема недисциплина од аспект на трошење на буџетските пари и дека целиот товар за намалување на инфлацијата ќе го понесе Народната банка:

„Тоа ќе значи дополнителна емисија на пари и можеме да кажеме дека товарот на борбата против инфлацијата ќе падне врз Народната Банка. Таа сеуште има на располагање мерки кои во минатото покажале добри резултати, а тоа е политиката на таргетирање на девизниот курс, и очекувам дека во наредниот период Народната Банка ќе излезе со мерките со политика на отворен пазар или зголемување на нивото на задолжителни резерви на деловните банки.“

Од Министереството за финансии пак велат дека изборите не влијаат врз поттикнувањето на инфлацијата бидејки тие се одвиваат во релативно краток период. Портпаролот Мартин Мартиновски вели дека буџетски пари не се трошат за време на партиските кампањи:

„Буџетот на Македонија се спроведува согласно законот за буџет, тоа подразбира дека сите расходи се спроведуваат согласно предвидената динамика во законот за извршување на буџет и не постојат никакви вонредни или друг тип исплати од страна на буџетот. Имено во првите четири месеци наплатата на даноците е значително повисока од она што беше проектирано и во овој момент има повеќе средства во буџетот, отколку што има расходи.
XS
SM
MD
LG