Достапни линкови

Хаг: Денеска завршно обраќање во судскиот процес против Бошковски и Тарчуловски


Во Хашкиот трибунал денеска ќе почне изнесувањето на завршните зборови на одбраната и на обвинителството во судскиот процес против Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски што е предвидено да трае три дена. По завршните зборови, вообичаено е Судскиот совет да донесе одлука во рок од три месеци. Бошкоски е обвинет за командна одговорност, во случајот Љуботен односно дека како министер за внатрешни работи му одобрил на Тарчуловски да ја формира и предводи полициската единица која во август 2001 година спроведе акција во Љуботен во која настрадаа седумина жители од албанска националност. И двајцата пред Хашкиот суд се изјаснија како невини.
XS
SM
MD
LG