Достапни линкови

Скопје: ДИК ги потврди листите на 19 од 20 подносители на кандидати за пратеници


Државната изборна комисија ги потврди листите на кандидати за пратеници на 19 од вкупно 20 подносители. Со решение е одбиена листата поднесена од Македонски обединети сили - Семакедонска работничка партија зашто во законски утврдениот рок не се доставени изјави за етничката припадност на кандидатите. Жребувањето за утврдување на редоследот на листите на кандидати на гласачките ливчиња ќе се одржи на 9 мај.
XS
SM
MD
LG