Достапни линкови

Изборите класичен политички маневар за користење на политичкиот момент и бегање од одговорноста


Вистина е или оправдување, премиерот го образложи распишувањето на предвремените избори со однесувањето на опозицијата во изминативе две години. Тие правеа осптрукции и ги оневозможуваа реформите на неколку наврати рече премиерот. Трајко Велјановски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ образложува – опозиционитре партии ги кочеа законските проекти

„Опозиционите пратеници дебатираа со часови, денови. Еден закон се носеше по месец дена и покрај тоа што се знаеше дека е со европско знаменце. Исто така се поднесуваа илјадници амандмани за да не биде донесен законски проект.“

Потполно е ирационално образложението на власта коментираат од најголемата опозициона партија.

„Според Груевски, би требало воопшто да нема опозиција во парламентот и кога ќе нема опозиција тој нормално ќе си работи онака како што тој замислил,“

вели Цветанка Иванова од СДСМ

Класичен маневар за да се искористи политичкиот момент и да се избега од одговорноста за повеќето неизполнети ветувања коментира политикологот Дане Талески.

Серија грешки Владата направи и во врска со одбирањето на албанскиот политички партнер кој беше причина за повеќето од проблемите во работата на Парламентот додава Талески.

„Не беше проблем да се обезбеди обично мнозинство, па дури и квалификувано мнозинство во македонскиот парламент за да се поминат законите од европската агенда, но во Македонија е потребно да имате и друг тип мнозинство, тоа е Бадинтеровото, а тука владата направи неколку сериозни грешки. Прво, го обра послабиот албански политички партнер. Потоа, по втор пат проба да за заобиколи ДУИ со коалиција со помалите етнички заедници, и тоа создаде доста проблеми во самиот парламент.“

Во предизборниот период ќе се користат сите политички тактики и тоа е само дел од кампањата предупредува во врска со ваквите изјави професорката Тања Каракамишева.

„Едноставно, во демократијата, целта ги оправдува средствата. Сите политички изјави може да се во насока дека ете тие се обиделе се да сторат, но некој друг е виновен за политичкиот неуспех,“

вели Каракамишева.
XS
SM
MD
LG